Наградената фотографија на Самар Елуф/Фото: EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Најдобра фотографија: Портретот на момчето со ампутирани раце гласно зборува за страдањата во Газа

Фотографијата на 9-годишен Палестинец, кој останал без двете раце, додека се обидувал да избега од израелски напад во Газа, ја освои првата награда на „Ворлд прес фото“ 2025 година.

Фотографијата ја направи палестинската фотографка Самар Елуф за „Њујорк тајмс“. Станува збор за портрет на малечкиот Махмуд Азур, кој бил пренесен во болница во Доха откако експлозија му ја откорнала едната рака, а другата потоа му била ампутирана.

– Една од најтешките работи е тоа што кога Махмуд сфати дека му се ампутирани рацете, првото нешто што ми го рече, беше: „Како ќе те гушнам? – рече неговата мајка.

Фотографката е по потекло од Газа, а исто така беше префрлена надвор од Газа во декември 2023 година. Оттогаш, таа прави портрети на тешко ранети Палестинци, кои се населиле во Доха.

– Тоа е тивка фотографија, но сепак гласно зборува. Раскажува приказна за едно момче, но и за поголема војна што ќе ги одбележи идните генерации – рече Зумана Ел Зеин Кури, извршен директор на „Ворд прес фото“.

Махмуд сега учи како да ги користи стапалата за да игра игри на својот телефон, да пишува и да отвора врати. Покрај тоа, има потреба од посебна асистенција при извршувањето на дневните активности, како што е јадењето и облекувањето. Неговиот сон е едноставен: посакува протетички раце и да го живее животот како и секое дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот