Најбогатите луѓе на светот вкупно имаат над десет билиони долари
Вкупното богатство на 500-те најбогати луѓе во светот за првпат ја надмина бројката од 10 билиони долари, објави „Блумберг“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
За една година, тие станале побогати за 1,5 билиони долари.
Главен дел од ова покачување на богатството е кај технолошките компании. Меѓу првите десет најбогати бизнисмени има само двајца претставници од други сектори. Тоа се основачот на луксузниот холдинг LVMH, Бернар Арно (петто место), и десетиот во списокот, инвестициониот гуру Ворен Бафет од Berkshire Hathaway. Сите дестмина се од САД, освен Французинот Арно.
Илон Маск, основачот на Тесла и СпејсЕкс, води со голема предност или 432 милијарди долари. За една година, неговото богатство се зголемило за 203 милијарди долари. На второ место е Џеф Безос од Амазон (239 милијарди долари), а на трето е Марк Закерберг (компанијата Meта, 207 милијарди долари). Овие тројца, како и основачите на другите технолошки гиганти – Џенсен Хуанг (Nvidia), Сергеј Брин и Лари Пејџ (Гугл), Лари Елисон (Oracle) и Мајкл Дел (Dell) – го предводат списокот на милијардери чии богатство пораснало најмногу за една година. Овие компании чинат 4 отсто од вкупното зголемување на богатствата на милијардерите и обезбедија повеќе од половина од растот на индексот на берзата S&P 500, кој за една година порасна за 24 отсто, забележува „Блумберг“.
Меѓу 500-те милијардери има и 54 Кинези, 25 Руси и 15 Британци.


