Нагелсман десет минути не можеше да го најде Коман на клупата за да го внесе во игра, причината е урнебесна

Коман наместо на клупата беше со соблекувалната/ фото: EPA-EFE/ALEXANDER SCHEUBER

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман во второто полувреме од дуелот со Барселона во ЛШ сакаше да направи двојна измена, но на крајот мораше да се задоволи само со една.

Тој од клупата за резервни играчи ги повика Серж Гнабри и Кингсли Коман планирајќи да ги внесе во игра на местото на Џамал Мусиала и Лерој Сане, но во тие моменти на клупата беше само еден играч.

Нагелсман во прв момент помисли дека Коман се повредил при загревањето и се вратил во соблекувалната, но подоцна беше откриено дека фудбалерот на Баерн ја напуштил клупата поради други причини.

– Кингсли имаше проблем со желудникот во моментите кога требаше да влезе во игра. Затоа моравме да се стрпиме со измената, Коман беше во тоалет. Кога се врати, го внесовме во игра – изјави Нагелсман по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот