Надежите ремизираа со Црна Гора

фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Црна Гора во рамките на вториот контролен меч одигран на тренинг центарот „ Петар Милошевски “.

Избраниците на селекторот Влатко Гроздановски одлично го започнаа натпреварот, беа подобар противник и пропуштија неколку добри прилики за постигнување гол во првите 30 минути од средбата. Во 36’ добрата игра нашата репрезентација ја круниса со погодок и водство од 1:0.

Стрелец на голот за Македонија беше Бехар Фета. Во продолжението Црна Гора притисна, нашите фудбалери се повлекоа и сето тоа резултираше со погодок во нашата мрежа. Стрелец на израмнувачкиот гол беше Виктор Џукановиќ во 80’. Воедно тоа беше и конечниот резултат на оваа средба. Во 87’ Aнтонио Мирков пропушти голема прилика да и донесе победа на нашата селекција. За потсетување дека и на овој натпревар младата репрезентација на Македонија беше ослабната со неиграњето на неколку стандардни првотимци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот