Над милион млади Американци ќе бидат ослободени од нивните студентски долгови

Студенти/ Фото USA TODAY Network / ddp USA / Profimedia

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе им ги „прости” студентските долгови до 10.000 долари на милиони млади Американци, чија заработка годишно не надминува 125.000 долари, пренесува Би-Би-Си.

Како што се наведува во соопштението на Белата куќа, Бајден ќе „прости” 20.000 долари долг на оние студенти кои користеле таканаречени Пел грантови, а 10.000 на други студенти.

„Простувањето” долгови ќе ги чини САД околу 300 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот