Над 90% од пожарот во кумановскиот суд е локализиран, архивата е извадена, но внатре ќе се дежура цена ноќ

Во подрумските простории на Основниот суд Куманово каде изби пожар минатата ноќ во 01:35 часот, се уште дежура една екипа од територијалната противпожарна единица.Внатре е и Заменик командир на ТППЕ Куманово, Борис Станковски.

„Над 90 проценти е локализиран пожарот, влезено е внатре во просториите. Дел од архивата е отстранета и на терен е една екипа од четворица пожарникари со едно возило.Ги повлековме сите возила, остануваме се до целосна ликвидација на пожарот“, изјави Станковски.

Во текот на денот се сменија 15-тина пожарникари и пет возила.

И од судот кажаа дека ќе дежураат цела ноќ пред установата како и екипи на полицијата, од МВР, од обвинителство.

„Чади минимално, пожарникарите кажаа дека нема да има проширување на чадот, но и тие ќе останат со една екипа во текот на ноќта која ќе контролира, изјави претседателката на судот, Снежана Манев.

Инаку Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вечерва во централниот Дневник на Сител телевизија информираше дека истрагата треба да покаже што точно се случило.

„Истрагата треба да утврди по кој основ и како настанал пожарот, дали опожарувањето се случило свесно или е од електричната инсталација, а и да се утврди одговорност во делот на состојбата на самата електрична инсталација“, рече Димитриевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот