Над 3,000 учесници на „Прв до врв“ на Водно

Фото: МИА

Со над 3.000 учесници, професионални спортисти, рекреативци, планинари, велосипедисти, оваа година забележан е рекорден број на учесници на спортска манифестација „Прв до врв“.

– Со стартот на велосипедистите од пред Музејот на Град Скопје, повеќе од 1.000 велосипедисти, во категорија на друмски велосипедизам, планински велосипедизам и возење електричен велосипед се натпреваруваа до врвот на Водно, а над 2.000 планинари со пешачење или планинско трчање ја завршија трката – информираат од Град Скопје.

Градот Скопје по 11. пат се придружи на здружението „Прв до врв“ во организацијата на најмасовната спортска манифестација на Водно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот