Над 20 апсења во Франција заради нападите врз затворите од минатата недела
Повеќе од 20 апсења се извршени денеска ширум Франција, во контекст на нападите од 13 април врз затворите и поправните установи, изјави извор запознаен со случајот, потврдувајќи ги информациите од магазинот Пари Мач.
Препорачано
Во оваа фаза, според соопштението на Националното обвинителство за антитероризам (ПНАТ) се извршени 22 апсења.
Овие апсења се случија во парискиот регион, Марсеј, Лион и Бордо, појасни изворот запознаен со случајот.
Во тек се истраги, според ПНАТ, кој има регистрирано околу 15 напади на затвори од 13 до 21 април.
„Им благодарам на судиите и на силите на редот кои рано утринава продолжија да ги апсат осомничените како извршители на нападите врз поправните службеници и затворите во нашата земја“, напиша францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманин на Икс.
Министерот за внатрешни работи, исто така, „топло“ им честиташе на судиите и истражителите, поздравувајќи ја нивната „голема решителност“ и „голем професионализам“ што „овозможи да се постигнат резултати за многу кратко време“.
Во изминатите 15 дена, организацијата наречена „Одбрана на правата на француските затвореници“, чии иницијали, DDPF, беа пронајдени во близина на целните затвори, ги целеше затворите и затворските службеници, објавувајќи видеа и закани на Телеграм.
Иако начинот на дејствување во некои случаи носат карактеристиките на организираниот криминал, други дејствија потсетуваат на крајната левица, изјави полициски извор, според кој некои милитантни крајни левичари се чини дека учествувале во првичната кампања.


