Над 130 мигранти спасени во Медитеранот со бродот „Оушн Викинг”

Фото: МИА

Над 130 мигранти, кои од Африка се обиделе да го преминат Средоземното Море, се спасени денеска во две одделни операции на хуманитарна организација, јави ДПА.

Претставници на „СОС Медитеране” соопштија дека нивниот брод „Оушн Викинг”, за време на првата операција наишол на брод во неволја, на околу 200 метри од нивната локација, при што биле извлечени повеќе од 40 мигранти, меѓу кои и пет малолетници.

Во втората операција на спасување, изведена во попладневните часови, од издишен гумен чамец на дување, што бил речиси наполнет со вода, волонтерите спасиле над 90 лица.

„СОС Медитеране” соопшти дека на нивниот брод по второто спасување имало 139 лица, пренесе ДПА.

Операциите на спасувачките бродови се контроверзни, бидејќи медитеранските нации наведуваат дека мигрантите се охрабруваат да тргнат на ваклвите ризични патувања знаејќи дека има групи кои внимаваат на нивната безбедност.

Спасувачките групи тврдат дека луѓето се очајни и дека би се обиделе да тргнат на вакво патување без разлика на се, со надеж дека ќе дојдат до подобар животен стандард во Европа.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот