На Водно не се изгубил маж, туку две жени – од Полска или од Португалија, важно е дека ги нашле
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али соопшти дека две жени, полски државјанки, за кои попладнево беше пријавено дека се изгубиле на падините на Водно над Скопје, биле експресно најдени.
Препорачано
„Благодарение на брзата интервенција и координација на тимовите на Црвениот крст и на Дирекцијата за заштита и спасување, двете лица беа експресно пронајдени на падините на Водно и веднаш безбедно транспортирани во Градот Скопје“, рече Али.
Првичната информација која ја соопштија надлежните е дека се работело за исчезнат маж од Полска. Конфузијата дополнително ја зголеми и подоцнежното соопштение на Дирекцијата за заштита и спасување, која пак извести дека од врвот на Водно кон Матка, попладнето биле пронајдени две туристки од Португалија.
Од каде и да се девојките и дали тоа се истите две за кои денеска противречно информираа институциите и не е важно, колку фактот што тие се пронајдени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
50мин
-
8час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


