НА ТРАМП НЕ МУ СЕ ДОПАЃААТ ПРОМЕНИТЕ НА АЈФОНОТ: „Копчето беше многу подобро!“

Фото: Smialowski / AFP / Profimedia

Американскиот претседател Доналд Трамп, вообичаено за него на Твитер, му испрати порака на директорот на компанијата „Ејпл“ Тим Кук, поради нивната одлука во 2017 година да го исфрлат од употреба физичкото копче наречено „Home“ на предната страна на новите модели на Ајфон, пренесува „Недељник“.

– За Тим: Копчето на Афјонот беше многу подобро од „свајп“ – напиша Трамп на Твитер.

Од првиот модел во 2007 година, корисниците на Ајфон го користеа физичкото копче „home“ кое ги враќање на почетниот екран. Една деценија подоцна, тие одлучија да го заменат со таканаречениот „swipe“, па така првиот модел без омиленото копче на Трамп беше Афјон икс.

Не е јасно поради што директорот на „Ејпл“ го налути Трамп две години откако е донесена одлуката за новиот дизајн на Ајфонот, а „Бизнис инсајдер“ не успеа да добие одговор од Белата куќа за ова необично прашање.

Сепак, тие потсетуваат дека Трамп и претходно го критикуваше новиот изглед на Ајфонот.

Во 2013 и 2014 година, Трамп често пишуваше твитови за тоа како „Ејпл“ треба да ја разгледаат можноста за поголем екран на нивните телефони, што на крајот и се случи. Компанијата го зголеми екранот на моделот Ајфон 6 плус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот