На Тиквешкиот гроздобер, карневал со 500 учесници
Традиционалната стопанскa, туристичка и културна манифестација има долга традиција, годинава се одржува три дена, a на агендата се бројни настани.
Над 500 учесници имаше во карневалското дефиле вечерва во Кавадарци, од земјава и странство, градот има вински кралица и крал во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“.
– Секоја карневалска група со своја приказна, секоја убава на свој начин. Традиционалниот карневал и оваа година со над 500 учесници во 31 карневалска поставка, кои продефилираа низ улиците на Кавадарци, а кралот и кралицата заедно со градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет на општина Кавадарци Стојанчо Рамов и дел од гостите, симбилично го откинаа првиот грозд – рекоа организаторите на настанот од кавадаречката локална самоуправа.
Традиционалната стопанскa, туристичка и културна манифестација има долга традиција, годинава се одржува три дена, a на агендата се бројни настани.