На Светското првенство во САД паузата помеѓу двете полувремиња нема да трае 15 минути?
Сѐ погласни се предупредувањата за опасностите што ги носи Светското првенство во 2026 година, особено кога станува збор за здравјето на фудбалерите. Меѓународниот синдикат на фудбалери – ФИФПРО, испрати јасен сигнал до организаторите велејќи дека се потребни итни регулативни промени за да се заштитат играчите од екстремните климатски услови.
Препорачано
Во предлогот доставен до релевантните тела, се предлага продолжување на паузата помеѓу полувремињата на 20 минути, како и почести паузи за разладување, со оглед на тоа што голем дел од градовите-домаќини на турнирот се соочуваат со сериозен ризик од високи температури и влажност.
Според анализите на ФИФПРО, дури девет од 16-те локации се класифицирани како под „екстремен ризик“ кога станува збор за топлотен стрес кај играчите. Меѓу нив се градови како Атланта, Далас, Мајами, Хјустон, Монтереј и Филаделфија, места каде што климатските услови лесно може да ја загрозат безбедноста на спортистите.
Од Синдикатот апелираат дека доколку не се преземат мерки навреме, последиците би можеле да бидат сериозни, не само за здравјето на играчите туку и за квалитетот на турнирот.


