На средбата Бегај- Курти главна тема преговорите меѓу Косово и Србија

Последните случувања во преговорите меѓу Косово и Србија беа главна тема на разговор на денешната средба на албанскиот претседателБајрам Бегај и косовскиот премиер Албин Курти, објави Бегај на Фејсбук.Како што стои во објавата тој високо ја оценил внимателноста и храброста што ја покажале премиерот Курти и преговарачкиот тим на Република Косово за прифаќање на европскиот план, како и за негово потпишување и спроведување.

– Нагласив дека јавната согласност и посветеноста на страните за спроведување на европскиот план за нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија и соодветниот анекс, како негов составен дел, е уште една  гаранција за мирот, стабилноста, како и иднината на земјите од регионот во Европската Унија, наведува Бегај.Исто така, посочува тој,  изразил уверување дека целосно ќе се почитува заложбата искажана од  страните во Охрид и “ќе се изнајдат соодветни механизми овој јавен договор да се претвори во меѓународно  обврзувачки и применлив договор за страните”.За време на престојот во Тирана Курти ќе се сретне и со претседателката на парламентот Линдита Никола и со премиерот Еди Рама со кого е планиран работен ручек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот