На рафтовите останаа само скапи компјутери, а веб-камери нема ни за „лек“

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Со празни раце и разочарани останаа добар дел од граѓаните, кои овој викенд сакаа да купат ИТ-опрема и да добијат поврат на ДДВ. Изборот на компјутери, таблети и лаптопи беше десеткуван, а граѓаните се пожалија и дека дел од компјутерската опрема била поскапена во однос на минатата недела.

Во речиси сите продавници низ државата беа останати само компјутери и лаптопи чија цена беше значително повисока од лимитираниот износ до 30.000 денари. Трговците се децидни дека недостигот од вакви производи трае неколку недели, поточно од септември, кога и најголемиот дел од граѓаните буквално ги збришале рафтовите по дуќаните.

Прочитајте повеќе во денешниот број на Слободен печат:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот