На овој остров живеат 13 луѓе и 120 мачки: Еве како изгледа нивниот живот! (ФОТО)

profimedia

Дали знаевте дека во Јапонија постојат два острови на кои живеат речиси само мачки. Ги има навистина многу, многу повеќе од луѓето.

Тоа се островите Тахироџима и Аошима, во народот познати како „острови на мачките“.

Островот Тахироџима на кој живеат околу 100 луѓе и 500 мачки стана светски познат.

Просечната старост на луѓето е 71 година, а сите млади луѓе го напуштиле.

Островот Аошима е мал остров, во кој на крајот на минатиот век живееле 900 луѓе, а сега има само 13 стари лица. Меѓутоа, островот не е пуст бидејќи на него се наоѓаат 120 мачки во различни бои и видови.

Како се доведени мачките на островите?

Едноставно! Луѓето ги довеле за да се изборат против глувците, а тие се размножиле повеќе од луѓе.

Овие острови се туристички атракции. Луѓето од сите страни на светот доаѓаат тука да ги хранат и мазат мачките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот