На оваа трудница во болница никој не сакал да и отстапи место, па нејзиниот сопруг морал да глуми столче (ВИДЕО)

Полицијата, која го објави видеото, ги критикуваше луѓето кои седеле на столчињата и кои цело време гледале (или се правеле дека гледаат) во телефоните.

Сопругот од Кина разнежни милиони срца ширум светот откако и дозволи на својата бремена жена да седне на неговиот грб додека таа во болница чекала ред за преглед кај докторот.

Снимката која ја објавила полицијата прикажува жена во поодмината бременост како шета во чекалната, очигледно уморна од стоењето и чекањет докторот да ја прими.

Потоа нејзиниот сопруг седнал на подот и и сугерирал таа да седне на неговиот грб, бидејќи никој од присутните луѓе не сакал да и отстапи место за седење.

Пожртвуваниот сопруг потоа и дал на жената шишенце со вода, пишува Дејли Мејл.

Луѓето кои го погледнале видеото биле воодушевени од потегот на сопругот, велејќи дека тој е пример за добар човек и сопруг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот