На одбележувањето на 22-годишнината од масакрот во Рaчак целиот државен врв на Косово оддаде почит на жртвите, само Вилијам Вокер е отсутен за прв пат

Вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи заедно со лидерот на Самоопределување (ВВ) и кандидатот за премиер Албин Курти оддадоа почит на жртвите на масакрот.

Вјоса Османи рече дека денес се навршуваат 22 години од масакрот во Рaчак, во кој беа брутално убиени 45 албански цивили.

„Масакрот врз нив стана најавтентичен доказ за српскиот геноцид извршен на Косово. Не смееме да престанеме да ја кажуваме оваа вистина секој ден и секаде за да докажеме дека во 1999 година, војувавме војна бранејќи го прагот, додека Србија изврши геноцид“, рече Османи.

Претседателката рече дека 45-те жители на Рачак кои беа убиени на овој ден ќе бидат трајно сеќавање на тешкиот пат на слободата и државата.

„Ние се поклонуваме пред секое од овие невини имиња, кои страдаа од српскиот геноциден режим. Нека е вечен споменот за нив“, рече Османи!

И актуелниот премиер на Косово, Авдулах Хоти во петокот оддаде почит на меморијалниот комплекс во Речак, по повод 22-годишнината од масакрот во Рачак.

По положувањето венци во чест на жртвите, Хоти рече дека ужасниот масакр што се случи пред 22 години го освести светот за состојбата во Косово.

Тој, исто така, истакна дека телата на жртвите никогаш нема да почиваат мирно, сè додека не се изврши правдата. Тој рече дека правдата понекогаш може да се одложи, но ќе излезе на виделина.

Кандидатот на ПДК за премиер, Енвер Хоџај, го повика амбасадорот Вилијам Вокер кој за првпат не  беше присутен во Рачак поради пандемијата. Тој ја пренесе пораката од поранешниот амбасадор на ОБСЕ и рече дека Вокер има срце за Косово.

„За прв пат на 22-годишнината од масакрот во Рачак, амбасадорот Вилијам Вокер не беше меѓу нас. Поради пандемијата и невозможноста да патуваме, тој ни испрати срдечни пораки дека е со нас денес и засекогаш, бидејќи го алармираше светот за српските злосторства. Денес, имав телефонски разговор со него, за да му изразам почит од ПДК и народот на Косово за одлучната помош што му ја даде на Косово. Рачак е нашата колективна болка и меморија. Слава на мачениците! Благодарност до амбасадорот Вокер“, пренесе Хоџај.

Кон крајот на 2019 година претседателот на Србија, Александар Вучиќ го обвини поранешниот шеф на Мисијата за верификација на ОБСЕ на Косово, Вилијам Вокер, за фалсификување на масакрот во Рачак.

Вучиќ рече дека „сè е измислено од тој белокос измамник, Вилијам Вокер“.

По изјавата на српскиот претседател адвокатот Том Гаши поднесе кривична пријава до Специјалното обвинителство на Косово, тврдејќи дека српскиот претседател Александар Вучиќ „намерно поттикнал и ширел омраза, поделба и нетрпеливост меѓу етничките групи, Србите и Албанците на Косово“.

„Тој систематски го негираше масакрот во Речак, во кој српските окупаторски сили убија 45 албански цивили од различна возраст“, се вели во пријавата.

Според сознанијата на „Слободен печат“, Косовското специјално обвинителство сè уште не постапи по пријавата.

ВИДЕО | Дачиќ: Што да правиме со Србите што поткажуваат масовни гробници?

Вокер во 1999 година, бараше форензичарите предводени од финскиот патолог Хелена Ранта да ги именуваат сторителите на масакрот. Ангажманот на шефот на ОБСЕ во Косово беше фактор НАТО да ја бомбардира Југославија со цел српските сили да ја завршат војната во Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот