На Манчестер јунајтед му се брза, нов договор за Погба?

Фото: EPA-EFE/Carl Recine/POOL

Манчестер Јунајтед овој месец ќе започне разговори со Пол Погба за нов договор од 400.000 фунти неделно, според „Сандеј мирор“.

Весникот вели дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да го направат Французинот најплатен играч во клубот и го задржат на „Олд Трафорд“ уште четири години.

Важечкиот договор му истекува на 30 јуни 2022 година и според „Трансфермаркт“ моментно вреди 60 милиони евра.

Но, исто така се подготвени да го продадат играчот за врска ова лето доколку не покаже желба да ги одигра последните 12 месеци од договорот и, наводно, на трансфер пазарот ќе се следи ситуацијата со Деклан Рајс од Вест хем, Вилфред Ндиди од Лестер и Саул Њигез од Атлетико Мадрид.

Едно е сигурно, не сакаат играчот да си замине за ништо, а со оглед на тоа што се ближи и Европското првенство, изворот вели дека Јунајтед сака брза одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот