Фото: Принтскрин

На лотарија добил 40 милиони евра без да им каже на своите деца: Сакам да успеат со работа!

Виетнамски бегалец во Канада во средата си ја побарал својата добивка од 60 милиони канадски долари (40 милиони евра), откако 10 месеци психички се подготвувал за своето богатство.

– Почнав да размислувам што тие пари ќе значат за моето семејство – изјави Бон Труонг на конференција во средата во Едмонтон, управното средиште на покраината Алберта, на запад во земјата.

– Сфатив дека многу работи ќе се променат и сакав да бидам сигурен дека ќе бидеме подготвени за тоа – изјавил тој.

Десет месеци подоцна, откако на канадска лотарија ги погодил бројките, истите на кои играл веќе со децении, си ја побарал својата добивка.

55-годишниот Труонг кој по војната во Виетнам без ништо дошол во Канада, планира со тие пари да си ја отплати хипотеката, сите останати сметки и да оди на одмор пред да и се врати на својат работа како градинар.

Бон Труонг се уште не и кажал на своите деца за добивката, бидејќи сака тие со работа да успеат во животот.

– Можеби ова ќе им го откријам на децата за десет или за дваесет години – рекол тој низ насмевка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот