„На крај и орден за заслуги ќе му дадат“: Најчевска за укинувањето на пресудата против Мијалков

Сашо Мијалков
Сашо Мијалков / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Професорката Мирјана Најчевска ја искоментира одлуката на Апелација да ја укине пресудата за осум години затвор против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за случајот „Трезор“ и случајот да го врати на повторно судење.

„Ма на крај и орден за заслуги во изградбата на демократијата и правната држава ќе му дадат. Во секој случај очекувам да донесат пресуда со која ќе се утврди дека немало прислушување, дека не постои „Скопје 2014“, дека полицијата била супер, а Мијалков е жртва на комунизмот“, напиша Најчевска на Фејсбук.

„Ете повторно да си кажам: мора да бидат разрешени од должност сите ЈО и сите судии, да се распише конкурс и да се вратат на работа само оние кои ќе поминат граѓанско а не партиско сито и решето. Ве уверувам, на државата ќе и биде подобро без судии отколку со вакви“, додава професорката.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков како првообвинет за случајот беше осуден на единствена казна од 8 години затвор, додека поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски доби 5 затворска казна , а поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ казна затвор од 5 години, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски е осуден во отсуство на 15 години затвор. Тројцата се товареа за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Случајот беше покренат во 2017 година од тогашното Специјалното јавно обвинитество поради основано сомение дека обвинетите државни службеници во УБК И МВР направиле директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК наместо од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, на штета на буџетот на РСМ.

Паднаа пресудите за случајот „Трезор“: Мијалков доби осумгодишна казна затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот