Паднаа пресудите за случајот „Трезор“: Мијалков доби осумгодишна казна затвор

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска паднаа пресудите за предметот „Трезор”, случај кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Судот денеска четворицата обвинети ги прогласи за виновни.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков како првообвинет за случајот е осуден на единствена казна од 8 години затвор, додека поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски доби 5 затворска казна , а поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ казна затвор од 5 години, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски е осуден во отсуство на 15 години затвор. Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Случајот е покренат во 2017 година од тогашното Специјалното јавно обвинитество поради основано сомение дека обвинетите државни службеници во УБК И МВР направиле директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК наместо од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, на штета на буџетот на РСМ.

Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.

– Обвинетиот Сашо Мијалков, заедно со другите обвинети умислено ги сториле кривичните дела при што договорите биле склучени со единствена цел стекнување на корист во полза на ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје, рече судијката Бектовиќ.

Судот ги задолжи сите четворица обвинети солидарно да ја надомест штетата направена на буџетот на државата.

Воедно, со пресудата се конфискувани средства во износ од 10.819.959 денари на компанијата Финзи.

Против пресудата дозволена е жалба во рок од 15 дена до повисокиот Апелационен суд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот