На израелската војска ѝ фалат луѓе и од тоа може да се распадне, алармира шефот на Генералштабот
Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, предупредил дека армијата „може да се распадне“ ако итно не го реши алармантниот недостиг на луѓе, го пренесе „Тајмс оф Израел“ извештајот на телевизијата „Чанел 13“, која се повикува на извори во израелскиот безбедносен кабинет.
Препорачано
На состанок одржан неделава, Замир наводно рекол дека „крева десет црвени знамиња пред да се распадне ИДФ“.
Воени извори велат дека резервниот состав на армијата е веќе исцрпен, а ситуацијата дополнително ја усложнува тековната војна против Иран.
Недостигот на војници, според изворите, е особено истакнат на границите со Газа, Либан, Сирија и на Западниот Брег.
Проблемот е дополнително влошен од фактот дека сè уште не е донесен закон што би овозможил задолжително регрутирање на припадниците на ултраортодоксните еврејски верски заедници.
Поранешниот началник на Генералштабот на ИДФ, Гади Ајзенкот, вели дека задолжителната служба е морален императив и клучен предуслов за зачувување на мисијата на Израелските одбранбени сили и на безбедноста на Израел.
Што бараат Америка, Израел и Иран за да ги закопаат секирите?


