На Гризман му е отворена вратата да си замине од Барселона

epa09001330 FC Barcelona's striker Antoine Griezmann arrives to the team's hotel prior to the Spanish King's Cup first leg semifinal soccer match between FC Barcelona and Sevilla FC held at Sanchez Pizjuan stadium, in Seville, southern Spain, 10 Feberuary 2021. EPA-EFE/Raul Caro

Управата на каталонскиот тим мора да направи драстични промени во тимот за да ја реши финансиската ситуација.

Барселона мора да направи драматични промени во играчкиот кадар, мора да го намали лимитот за плати и за трошоци кои му се закануваат да го фрлат тимот во банкрот, а згора на тоа тука е новиот договор на Меси.

Претседателот Жоан Лапорта мора да ги скрати трошоците за дури 200 милиони евра, поради тоа веќе почна со продажба на фудбалери кои не се во плановите на тренерот Роналд Куман.
Продадени се Жуниор Фирпо, Тодибо и Конрад но тие донесоа само 30 милиони евра во касата на Барселона.

Сè уште нема решение околу Самуел Умтити и Миралем Пјаниќ, двајцата фудбалери не сакаат да си заминат од „Камп Ноу“ бидејќи имаат големи плати кои сигурно нема да ги добијат во други клубови, додека Фелипе Кутињо никој не сака да го купи.
Поради тоа, според каталонските медиуми се поизвесно е дека продаден ќе биде Антоан Гризман.
Летово Барселона потпиша со двајца одлични напаѓачи, Серхио Агуеро и Мемфис Депај, а се очекува да остане и Мартин Брајтвајт кој ќе ја има улогата на резервист.
Барселона го плати Гризман 120 милиони евра но е свесна дека дека нема да може да ги врати парите, но барем ќе се ослободи од неговата плата, Французинот е втор најдобро платен фудбаер по Лионел Меси со 17 милиони евра.

Како идна дестинација на Гризман се споменуваат ПСЖ и Манчестер сити, францускиот тим доколку остане без Мбапе сигурно е дека би тргнал по потписот играчот на Барселона, додека Сити ќе се вклучи во трката доколку не успее да се договори со Астон Вила за трансферот на Џек Грилиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот