На Французите платата им трае половина месец и пак се незадоволни
Секој четврти Француз е принуден да влегува во минус на тековната сметка секој месец, покажува ново истражување
Речиси секој четврти Французин е принуден секој месец да влегува во минус на тековната сметка, а тоа во просек се случува на 18-тиот ден во месецот, покажува ново истражување кое го објави „БФМ“.
Препорачано
Минатата година, просечниот ден на пречекорување беше 16-ти по ред од почетокот на месецот, што укажува на мало подобрување на финансиската состојба или подобро управување со личниот буџет, објави телевизијата BFM.
Според извештаите, најранливи се младите луѓе и оние кои живеат под кирија. Меѓу младите на возраст од 25 до 34 години, 42 проценти редовно го користат пречекорувањето на сметките, додека во возрасната група помеѓу 18 и 24 години, тоа се случува порано, околу 14-тиот ден од месецот.
Кираџиите имаат повисока стапка на пречекорување на приходите – 34 проценти, поради високите фиксни трошоци за домување.
Од веб страната „LesFurets“ која ги направи истражувањата истакнуваат дека дел од трошоците, како што се осигурување на возила, осигурување на домот, здравствено осигурување, енергија и интернет, може да се намалат со споредување на понудите и раскинување на договорот по истекот на минималниот период.Така, потрошувачите можат да заштедат стотици евра годишно до 396 евра за осигурување на автомобили и до 480 евра за осигурување на домот.
Иако денот за пречекорување е поместен кон крајот на месецот, бројот на Французи кои се соочуваат со редовен дефицит на тековната сметка расте – од 22 проценти минатата година, на годинешните 24 проценти.


