На две фарми се појави епидемија на африканска свинска треска

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) потврди дека на уште две фарми за свињи во оваа земја се појавила смртоносната африканска свинска треска.

Присуството на оваа високо заразна болест е утврдена е на 19. јули во селото Николово, во бугарската североисточна област Русе, на фарма со околу 17.000 свињи, а потоа со лабораториски тестови вирусот е откриен и на друга фарма во селото Брашлен во истиот регион каде има околу 40.000 свињи, се вели во соопштението на „BFSA“.

Уништувањето на заболените свињи на фармата во Николово се уште е во тек, наведува бугарската агенција.

Оттаму исто така потврдуваат дека во регионот Врача, на северозападот од земјата, откриени се два случаи од ова заболување кај домашни свињи, како и првиот случај на оваа болест во општината Свиштов, западно од областа Русе.

Прв случај на африканска свинска треска е потврден и во општината Лом, во северозападна Бугарија.

Агенцијата за безбедност на храната постави зона на превенција од три километри и зона за надзор од десет километри околу секоја од погодените области. Сите свињи во овие региони ќе бидат уништени.

Болеста не влијае на луѓето. Според „BFSA“, досега се регистрирани 19 појави на африканска свинска треска во шест бугарски региони – Плевен, Бургас, Врача, Русе, Траговиште и Велико Трново.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот