Аки Рахимовски / Фото: Dragan Ristovski / Alamy / Profimedia

На денешен ден пред четири години нè напушти Аки Рахимовски, препознатливиот глас од „Парни ваљак“

На денешен ден, пред четири години, нè напушти Аки Рахимовски, фронтменот на еден од најпознатите бендови на овие простори – „Парни ваљак“. Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, а почина во Ново Место, Словенија, по ненадејно влошување на неговата здравствена состојба.

Рахимовски најголемиот дел од животот го помина во Загреб, што беше клучно за неговото повеќедецениско влијание во музиката.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите „Вакуум“, „Крвна браќа“ и „Тор“ со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година.

Пресвртниот момент во неговата кариера се случил во 1975 година, кога се сретнал со Хусеин Хасанефендиќ – Хус и Јурица Паджен. Истата година, заедно со менаџерот Владимир Михаљек – Миха, ја формирале првата постава на бендот „Парни ваљак“, кој често бил споредуван како загрепска верзија на „Бијело дугме“.

Бендот зад себе остави 16 студиски албуми, бројни хитови и милиони продадени копии, а меѓу најпознатите се „Јесен у мени“ и „Ухвати ритам“.

Аки беше татко на три деца од два брака. Со првата сопруга го има синот Кристијан, кој исто така е пејач, а со втората сопруга Ингрид – ќерката Дина. Последните години од својот живот тој ги помина во Словенија, каде со Барбара Весел доби уште една ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот