На дебито Летонија стана петта кошаркарска сила во светот
Во своето прво учество на светските кошаркарски првенства репрезентацијата на Летонија оствари сензационални резултати и го освои одличното петто место, веднаш зад Топ 4 селекциите кои се борат за медал.
Препорачано
Денеска во натпреварот за петтото место Летонците предводени од селекторот Лука Банки уште еднаш го привлекоа вниманието со високата победа над Литванија со 98:63.
Прв стрелец во победничките редови се истакна Артутс Куруц со 20 поени, следен од Роландс Смитс кој имаше 17.
За Литванците Рокас Јокубаитис беше прв стрелец со 16 поени, додека Јонас Валанчиунас постигна 15 поени (осум скокови).
Вреди да се потсетиме и на другите историски победи на Летонија во текот на овој Мундобаскет 2023.
Во групната фаза со 88:86 ја елиминираше Франција која двапати беше бронзена на последните два светски шампионати и сребрена на последниот Евробаскет 2022.
Потоа, во вториот круг го исфрли светскиот шампион Шпанија (74:69) кој ја бранеше титулата од минатиот Мундобаскет 2019. Беше тесно поразена во четвртфиналето со 81:79 од Германија која подоцна успеа да обезбеди финале во кое в недела ќе игра против Србија.


