На членовите на кралското семејство „нема да им се допадне“ новиот филм за принцезата Дајана

кристен стјуард
Фото: Profimedia

Ако светот научи една работа за британското кралско семејство, тоа е дека тие не сакаат да се прикажуваат нивните животни приказни во уметнички дела како книга, филм или тв-серија, но тоа некако не е тренд во последно време.

По серијата „The Crown“ која предизвика бурни реакции во јавноста по прикажувањето на голем број детали за монархијата, сега доаѓа ново филмско остварување.

Актерката Кристен Стјуарт ќе ја игра принцезата Дајана во претстојниот филм „Spencer“. Многумина беа импресионирани од првата фотографија што се појави од филмот и веќе со нетрпение ја чекаат премиерата на филмот, но не и членовите на кралското семејство.

Нема да им се допаѓа, но веројатно го очекуваа тоа. Тоа е вистината“, изјави новинарот Роберт Џобсон за „Us Weekly“.

Новинарот Џобсон лично ја познавал принцезата Дајана пред нејзината трагична смрт во 1997 година.

„Во 2022 година се одбележуваат 25 години од нејзината смрт… Сега имам 56 години. Бев прилично млад човек кога ја пишував приказната во тоа време, ја познавав како личност“, објасни тој.

Според Роберт, нема начин кралското семејство да нема проблем кога станува збор за биографски филм.

Неизбежно е, воопшто нема да им се допадне филмот“, вели тој.

Актерката Кристен Стјуарт во интервју со Џими Кимел зборуваше за улогата на Дајана и рече дека сочувствува со покојната принцеза.

Некако сочувствувам со неа и тоа се случи многу брзо… Иако не пораснав со неа можеби на ист начин. Бев навистина млада кога почина… не можам да не се чувствувам заштитнички настроена кон неа“, вели актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот