На автопатот Тетово-Скопје возило удрило и усмртило мечка, возачот пренесен во болница

Фото: МИА

Ноќеска четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот со иницијали В.И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка.

Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

На автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, често пати животни, претежно кучиња – скитница, како и мечки, волци и лисици, овци и коњи, зајци го преминуваат коловозот, предизвикувајќи сообраќајни несреќи.

Од СВР – Тетово велат дека главен проблем е необезбедениот автопат каде често пати заштитната мрежа или ја нема или е оштетена и животните слободно се движат по автопатот.

Оттаму со апел надлежните да ги контролираат патиштата и истите да бидат обезбедни со соодветна мрежа, за да се избегнат вакви сообраќајни несреќи.Во текот на една година според статистиката на полицијата се регистрираат над 100 сообраќајки – предизвикани од животни.

И пред 6 месеци исто така кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје кумановецот Африм Исуфи доживеа опасна средба со мечка.

Исуфи за албанските медиуми тогаш раскажа дека успеал да излезе жив и неповреден по 30-минутна драма.

„Доаѓав од Гостивар, одев дома во Куманово. Неколку километри откако ја поминав првата наплатна рампа во Тетово, возев со нормална брзина, наеднаш мојот автомобил „Голф 5“ удри во нешто напред, од десната страна. Потоа, мојот автомобил леташе во воздух и по неколку метри падна на земја. Некако успеав да ја застанам колата на сред автопат и гледам како од неа излегува пареа. Отпрвин помислив дека мора да е некоја дива свиња, бидејќи беше нешто многу моќно. Излегов од автомобилот и гледам големо животно како доаѓа во мојот правец. Беше страшно и ништо не се гледаше. Се исплашив и влегов во автомобилот, кој беше тешко оштетен“, раскажува Исуфи.

„Едвај излегов жив“: Кумановец раскажа за „блиска средба“ со мечка на автопатот Тетово-Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот