Архивско фото

На авиотранспортот ќе му требаат месеци за да закрепне по отворање на Ормускиот Теснец, предупредуваат воздухопловците

Месеци ќе бидат потребни за да се обнови снабдувањето со авионско гориво и да се нормализираат нарушувањата во рафинериските капацитети на Блискиот Исток, дури и доколку биде отворен Ормускиот Теснец, изјави директорот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), Вилијам Волш.

Цената на нафтата падна под сто долари за барел откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти двонеделно примирје со Иран, условено со итно и безбедно повторно отворање на Ормускиот Теснец низ кој вообичаено поминува околу една петтина од светската трговија со нафта, пренесува Ројтерс.

Иран и Америка договорија двонеделно примирје, се отвора Ормускиот Теснец

Волш пред медиумите во Сингапур изјави дека иако очекува пад на цените на сировата нафта, трошоците за авионско гориво најверојатно ќе останат благо зголемени поради влијанието врз рафинериите.

„Доколку повторно се отвори и остане отворен, мислам дека и понатаму ќе бидат потребни месеци за да се вратиме на потребното ниво на снабдување, имајќи ги предвид нарушувањата во рафинериските капацитети на Блискиот Исток кои се клучен дел од глобалното снабдување со рафинирани производи“, посочи Волш.

Авиокомпаниите ширум Азија ги намалуваат летовите, превезуваат дополнително гориво од матичните аеродроми и додаваат нови локации за дополнување гориво, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток го намалува снабдувањето со керозин, што дополнително врши притисок врз индустријата веќе погодена од двојно зголемените цени.

Притисокот досега е најизразен на пазарите со пониски приходи и зависни од увоз, како Виетнам, Мјанмар и Пакистан, откако Кина и Тајланд го запреа извозот на авионско гориво, а Јужна Кореја го ограничи на нивото од минатата година.

„Доколку сировата нафта повторно почне да тече, би сакал да верувам дека Кина, како и Јужна Кореја, повторно ќе го обноват извозот на рафинирани производи. Капацитетите на рафинериите ќе бидат достапни кога сировата нафта повторно ќе почне да тече, но ќе биде потребно време. Изразената разлика меѓу цената на сировата нафта и на рафинираното авионско гориво ќе ги поттикне рафинериите да го зголемат производството на авионско гориво“, рече тој.

Како реагира светот на примирјето помеѓу Иран и Америка?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот