На авион на „Јунајтед ерлајнс“ му паднало тркало за време на полетувањето
„Јунајтед ерлајнс“ соопшти дека уште еден нејзин авион го изгубил главното тркало на опремата за слетување за време на полетувањето, практично повторувајќи го инцидентот од март, по оној во март, кога „Боинг 777-200“ изгуби тркало набргу по полетувањето од Сан Франциско на лет за Осака, принудувајќи го да слета на аеродромот во Лос Анџелес. Во инцидентот тогаш никој не беше повреден, но на видеоснимката се гледа моментот кога тркалото паднало и ги оштетило возилата на паркингот, по што Федералната управа за безбедност на транспортот нареди безбедносна проверка на компанијата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Никој не беше повреден на летот 1001 на „Јунајтед“, а „Боингот 757-200“ полета од Лос Анџелес вчера околу 7:15 часот по локално време и слета на аеродромот во Денвер во 10:10 часот – изјави портпаролот на компанијата, а пренесе Блумберг.
Тркалото е пронајдено во Лос Анџелес, соопшти „Јунајтед ерлајнс“, без да додаде дополнителни детали.
Инцидентот е многу сличен на оној во март, кога „Боинг 777-200“ изгуби тркало набргу по полетувањето од Сан Франциско на лет за Осака, принудувајќи да слета на аеродромот во Лос Анџелес. Во инцидентот тогаш никој не беше повреден, но на видеоснимката се гледа моментот кога тркалото паднало и ги оштетило возилата на паркингот.


