Н1 Србија ја врати контролата врз инстаграм профилот – ботскиот напад е еден од низата притисоци врз телевизијата

 

Инстаграм профилот на „Н1“ Србија, кој беше исклучен поради координиран хакерски напад, повторно е обновен, информираше телевизијата.

Уредничкиот тим на „Н1“ веднаш контактирал со поддршката на Мета, која итно почнала со обновување на профилот, кој со години е еден од најважните извори на сигурни и нецензурирани информации за публиката во Србија.

„Ова не е изолиран инцидент, туку уште еден во низата притисоци врз слободните медиуми и граѓанските иницијативи. Во последните недели, Инстаграм профилите на други медиуми беа затворени или компромитирани, студентските групи беа блокирани, а профилот на движењето „Крени-промени“ беше отстранет пред само неколку дена – сето тоа во време кога социјалните медиуми стануваат клучен канал за ширење информации надвор од контролата на режимот.

„Н1“ и се заблагодарува на публиката за трпението и за поддршката, се наведува во соопштението на српската телевизија.

 

Удар врз медиуми што го критикуваат Вучиќ: Ботски напад го собори инстаграм-профилот на „Н1“

Профилите на „Слободен печат“ беа цел на координиран ботски напад — читателите масовно нѐ поддржаа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот