МЗТ во вториот дел го скрши отпорот на младите „металци“
Играчите на МЗТ Скопје Аеродром се уште еден чекор поблиску до горните позиции на табелата во Првата лига, откако вечерва во заостанатиот натпревар од петтото коло беа подобри од својата „филијала“, МЗТ Скопје Уни Банка со резултат 75:97.
Младите „металски сили“ одговораа на предизвикот во првите 10 минути од играта во еден постојан играчки егал. За што говори и семафорот кој по 20 минути застана на бројките (42:39) во корист на екипата која беше означена дека ќе победи.
Но, во третата четвртина тимот на Кочов го докажа својот квалитет, поискусните имаа одлична реализација, и победоносна серија која со две тројки ја најави Бојан Крстевски. Тој трет дел од играта првиот тим на МЗТ Скопје го доби со двојно поголеми (34:17), кои им овозможија во оној последниот да играат многу „помирно“. А нивниот тренер да ја „распредели минутажата“ спремајќи се за наредните искушенија во првенството.
Четири од пет стартери во тимот кој го предводи Кочов завршија со двоцифрен број на поени, најмногу 19 имаше токму Крстевски, еден помалку даде Олуџоби. Од условно кажано „резервистите“, во сличен поентерски ефект завршија Бојиќ (14) и Мекиќ (13).
Премногу за составот предводен од Борче Даскаловски, каде исто така имаше дури петмина „двоцифрени“ кошаркари. Со дабл-дабл од 15 поени и 13 скокови предначеше Монтгомери, додека Андреј Андоноски запиша 14.
Ова беше шестата победа за МЗТ Скопје Аеродром во девет одиграни мечеви, додека МЗТ Скопје Уни Банка пак е на ефект од една победа и девет порази.