МЗТ во финишот спречи изненадување против ФМП

Фото: КФСМ

Екипата на Навико Академија ФМП му зададе сериозни проблеми на МЗТ Скопје, за тешка победа (79:72) на бранителот на титулата

Во првиот меч од 11.коло, екипата на МЗТ Скопје Аеродром стигна до планирана победа против Навико Академија ФМП. Но до неа дојдоа благодарение на „сувиот квалитет“ кој го поседува Војдан Стојановски, и искуството на играње на „сино-белите“ на оние таканаречени „егал завршници“.

Очекувано, бранителот на титулата имаше доста подобар почеток во овој прв ме од 11. коло. Во првата четвртина „сино-белите“ се одвоија на пристојни (19:10).

Но не продолжија во исто темпо и во оној период кој следуваше. Гостите како да го тргнаа оној респект кон противникот, а кој беше видлив во нивната игра во тие десет минути. Одиграа егал во тие втори десет минути, (16:16).

Во 26.минута ФМП се врати и резултатот беше 47:45 во корист МЗТ. Тоа беше знак дека тренерот на домашната екипа мораше да остапи од првичнминиот план и шанса да им даде на првотимците, пред  се на браќата Стојановски.

До истекот на третиот период, „металците“ сепак се стекнаа со предност, имаа плус 5, (56:51). Но тој најдобар дел од играта гостите го заокружија со дури 32. реализации, доволно да бидат во егал со шампионот, (58:58).

Нерешено беше (65:65), и по пет минути играње во четвртата четвртина. Но само до моментот кога В. Стојановски „спои“ пет поени, за (70:65). Гостире најдоа одговор, и се изборија за уште едне нерешен скор (72:72). Но уште еднаш, кога требаше, погоди, и тоа тројка, В. Стојановски, во следниот напад, истото го повторни и Баковиќ, доволно за д го однесат својот тим во оние „мирни води“, односно недостиѓни (78:72).

Иако одигра нецели 17.минути, Војдан Стојановски дојде до 21.поен (6/7 во шутот од поле и 6/6 од линијата за слободни фрлања). Од ние кои вечерва беа стартери во тимот на МЗТ Скопје, Баковиќ реализираше 15, Ворку пак 13. поени. На другата страна пак, Огундиран беше далеку најрасположен играч. Постигна 29.поени, Сантана даде 11, а Петровски уште десет поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот