МЗТ во драматичен натпревар поразен од ФМП

фото: kfsm.mk

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа и шестиот пораз во седмиот меч по враќањето во АБА лигата, вечерва белградски ФМП беше подобар со 97:101.

Момците на Петровиќ одиграа фантастично и со серијата од 21:5 дојдоа на само еден поен негатива (96:97). Мајк Кофи имаше шанса од слободни фрлања да го изедначи резултатот, меѓутоа реализираше само едно и тогаш згаснаа сите надежи за некакво изненадување.

Не го издржа МЗТ брзиот ритам на противникот кој сезонава е најпријатното изненадување во регионалното натпреварување. ФМП е второпласиран со скор од 6-1. Фуризно го започнаа домаќините натпреварот и по неколку минути водеа со 13:2. Кон средината на вториот период ФМП дојде до предност од 14 поени (55:41).

Тогаш изгледаше дека ФМП мирно ќе го приведе натпреварот кон крајот, меѓутоа македонскиот претставник започна да игра многу подобро и направи серија од 16:0 со која на стартот од второто полувреме првпат поведе со 57:55.

Сепак, тој налет како да ја потроши целата сила на МЗТ, ФМП повторно заигра агресивно и во период со 22:4 ја врати убедливата предност. Кофи и Страхиња Миковиќ со по 18 поени беа најефикасните кај МЗТ, додека Паулис Валинскас со 19 поени го предводеше ФМП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот