МЗТ Скопје против Златибор го заверува пласманот во АБА лигата

МЗТ Скопје со триумфот во полуфиналето над Широки си обезбеди пласман во АБА лигата/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Кошаркарите на МЗТ Скопје и Златибор вечерва од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе играат во финалето на завршниот турнир од АБА2 лигата во која работите станаа јасни уште во петокот.

Златибор со самиот пласман во финалето на завршниот турнир што се игра во Скопје му направи мечкина услуга на МЗТ Скопје кој пак со победата над Широки од 75:71 си го визира билетот за АБА лигата за следната сезона.

Поради правилата на АБА, кои налагаат да нема повеќе од пет екипи од една земја, МЗТ Скопје автоматски со избори пласман во Јадранската лига за следнаа сезона, додека Златибор прво ќе мора да игра бараж со Сплит, а доколку биде успешен, е игра уште еден бараж двомеч со најслабопласираната српска екипа во АБА лигата од оваа сезона за да го даде петтиот учесник во Јадранската лига.

Дополнителен мотив за победа над Златибор за „металците“ ќе претставуваат пехарот за шампионот во АБА2 лигата како и поддршката од навивачите, популарната „Фамилија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот