МЗТ Скопје – Еуро Никел 2005 е дербито во Првата кошаркарска лига

фото: КФСМ

По возбудувањата кои ги донесе четврттиот круг од натпреварите во Првата македонска кошаркарска лига, кои кулминираа со одигрување на вечното дерби, во кое МЗТ Скопје беше подобар од Работнички, овој викенд следува колото број 5.

Можност повеќе носи за бранителот на титулата (скор 3-1), да се искачи и на првата позиција на табелата. Во сабота, од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ играчите на МЗТ го пречекуваат составот на Еуро Никел 2005 (3-1), кој по одличниот почеток (три победи по ред), во минатото коло загуби за првпат и тоа на домашен паркет, каде подобар од нив беше Пелистер.

Во истиот термин в сабота ќе се одиграат уште три натпревари, во локалната пресметка „Под Кале“, Вардар (2-2) ќе бара изненадување против Работнички (2-2), екипа која во меѓувреме остана без шефот на стручниот штаб, Димитар Мираковски, по што во улога на в.д. „прв тренер“ за овој меч ќе биде Андреј Апостолски Лечиќ.

Во Гевгелија, Кожув (1-3) го пречекува ТФТ Моцарт (3-1), додека пак на мегдан на Гостивар (2-2) доаѓа екипата на Феникс 2010 (1-3). Половина час подоцна, (18.30), во Битола, Пелистер (2-2) е домаќин на екипата на Охрид (1-3).

Во недела (од 18.00 часот) е закажан само еден натпревар. Оној во спортската сала „Независна Македонија“ во кој, сè посилниот ростер на Навико Академија ФМП, во кој сега има и странски играчи, е домаќин на Чаир 2030 кој во првите четири кола веќе запиша три успешни игри. Екипата од Кисела Вода е единствената без победа во првите четири првенствени кола.

Прва лига – мажи

Двојки, петто коло

28 октомври (сабота)

18.00: Гостивар – Феникс 2010
18.00: Кожув – ТФТ Моцарт
18.00: МЗТ Скопје – Еуро Никел 2005
18.00: Вардар – Работнички
18.30: Пелистер – Охрид

29 октомври (недела)

18.00: Навико Академија ФМП – Чаир 2030

Табела: Еуро Никел 2005 7 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 7, Чаир 2030 7, ТФТ Моцарт 7, Феникс 2010 6, Пелистер 6, Работнички 6, Вардар 6, Гостивар 6, Кожув 5, Охрид 5, Навико Академија ФМП 4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот