МЗТ Скопје Аеродром го направи вториот чекор кон финалето

фото: kfsm.mk

Во вториот полуфинален натпревар од Првата македонска кошаркарска лига, екипата на MЗТ Скопје Аеродром не остави простор за изненадување, и убедливо го победи ТФТ Моцарт (91:67) за 2:0 во серијата.

МЗТ и ТФТ го одиграа вториот меч од полуфиналната серија во СЦ „Јане Сандански“. Сосема поразличен од првиот, затоа што во овие 40 минути, шампионот беше доминантен, и дојде на чекор од влез во финалето пред следниот меч кој ќе се игра во СРЦ „Кале“.

Одлично издание за МЗТ имаше Делалиќ, кој постигна 20 поени, Војдан Стојановски застана на ефект од 15 поени и пет асистенции, додека Робев и Гилон забележаа по 11 поени. Кај ТФТ Вертц реализираше 18 поени, а Луис и Зафиров по 10 поени.

Својот трет меч од серијата, екипите на Пелистер и на Работнички ќе го одиграат на 9 мај (петок), со почеток од 18.30 часот, во салата „Борис Чурлевски“ во Битола. Резултатот во оваа серија е нерешен (1:1).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ – ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ – ВТОР НАТПРЕВАР

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ Моцарт 91:67 (2-0)

Работнички – Пелистер 76:69 (1-1)

*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот