МЖСПП: Податоците од Гази Баба се невалидни поради замена на потрошен дел

Истите не се одраз на извршени мерења, туку на соодветен код од инструментот кога истиот има недостаток.

Поради технички зафат врз инструментот за мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри од Автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во Гази Баба, односно замена на потрошен материјал (филтер во облик на лента) преку која се врши отчитување на мерените концентрации, податоците од 22:00 часот на 03.01.2020 година до 14:00 часот на 04.01.2020 година се невалидни.

Истите не се одраз на извршени мерења, туку на соодветен код од инструментот кога истиот има недостаток. Извршена е замена на потрошниот материјал и грешката во инструментот е отстранета. Инструментот е пуштен во работен режим, додека податоците од наредните извршени мерења на концентрацијата на ПМ 10 ќе бидат достапни од 15:00 часот на 04.01.2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот