Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

МЗ меѓу првите 10 институции по индекс на активна транспарентност за 2021

 Министерството за здравство е меѓу првите десет институции по индексот на активна транспарентност, според најновото рангирање на Центарот за граѓански комуникации. Споредбено со лани, Министерството за здравство ја подобрило својата транспарентност за 6 отсто и припаѓа во групата на институции со најголем напредок.

Активната транспарентност на институциите, според ова истражување опфаќа пет групи.

-Министерството за здравство влезе во првата група на институции со многу добра активна транспарентност односно со 87,5 отсто транспарентност во давањето на информации. Под „активна транспарентност” се подразбира објавување информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството за здравството потсетуваат дека во 2017 година на истото истражување во активна транспарентност ресорното министерство беше рангирано во категоријата „слаба” и за само три години во 2020 година има скок од цели 43 места.

-Ова е огромен напредок за нас како институција и резултат на нашата посветеност кон целосна транспарентност во објавување на информациите, посочуваат од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот