МЗ: Демантираме дека на Инфективна клиника најголем број од хоспитализираните пацинети биле со примени две дози вакцина

Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

Министерството за здравство категорично ја демантира информацијата објавена во вестите на телевизија 24, каде новинарката на оваа телевизија во линковско вклучување, денеска пласираше вест која е челосно неточна, односно дека на Инфективна клиника најголем број од хоспитализираните пацинети биле со примени две дози вакцина.

-Новинарката оваа невистинита информација ја потенцираше како „важна” што предизвика серија реакции во јавноста. Жалиме што оваа информација денеска не беше проверена во Министерството за здравство, ниту пак во КИБФС. Министерството за здравство тврди дека на Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 94 пациенти и само околу 10 % се вакцинирани со две дози вакцини и истите се со полесна клиничка слика, велат од министерството. 

Министерството за здравство, како што вели во соопштението, стои на располагање на сите медиуми секој ден во тек на 24 часа и апелира сите информации да ги проверуваат и да ја информираат јавноста вистинито и точно. Воедно бара телевизија 24 да се извини и да ја повлече информацијата што денеска беше пласирана во вестите во 17 часот.

-Апелираме дека ваквите невистинити информации ја доведуваат јавноста во заблуда и создаваат уште поголем страв и паника кај граѓаните кои се уште имаат недоумица за вакцините. Процесот на имунизација е многу важен, а медиумите се наш сојузник во борба со ковид пандемијата. Ја поддржуваме слободната мисла, критичкото и истражувачко новинарство но истото очекувано е да се темели на релевантни податоци и точни информации, бидејќи граѓаните тоа го заслужуваат, додаваат тие. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот