МВР со потврда: Избришана е групата „Јавна соба” на „Телеграм“

фото Фејсбук

Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдува дека групата „Јавна соба” на социјалната мрежа „Телеграм“ е избришана.

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претходно побараа од „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба”, во спротивно ќе се разгледа можноста за блокирање на апликацијата или да се ограничи нејзиното користење во земјава.

Спасовски: Се трага по креаторите на „Јавна соба”, можна блокада на „Телеграм“

Во меѓувреме, во врска со случајот„Јавна соба” се приведени четири лица – две од Битола и по едно од Велес и од Штип.

Спасовски: Приведени 4 лица за Јавна соба – двајца велешани, еден битолчанец и еден од Штип

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот