1 C
Скопје

МВР го бара лицето што го запали бугарското знаме, може да добие затвор до 5 години

Полицијата го утврдува идентитетот на лицето што го запали знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, по што ќе му поднесе пријава. За ова кривично дело е предвиден затвор од една до пет години.

Спасовски: Во Вевчани не се случи ништо спектакуларно, сакаа инцидент и сензационалност

– На 14.01.2021 година во 15 часот при дефилирање на василичарските маски во селото Вевчани, Струшко, лице кое било дел од василичарските маски во рака држело знаме на Република Бугарија, кое што при традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, го спуштило во запалениот оган и го запалило. Настанот е документиран и по утврдување на  идентитетот на лицето против него ќе биде поднесена содветна пријава – велат од МВР за „Слободен печат“.

ВИДЕО | Градоначалникот на Вевчани: Апелирам политичките копја да не се кршат преку Вевчани

Ова е втор ваков инцидент за неколку месеци. Лани на 20 ноември во Гази Баба исто така беше запалено бугарското знаме и тогаш полицијата извести дека трага по лицето што го изврши кривичното дело. Од МВР не одговорија на прашањето на „Слободен печат“ дали е расчистен овој случај и дали извршителот е пронајден и казнет.

Две теории за инцидентот во Вевчани, се проверуваат снимките: Дали член на ВМРО-ДПМНЕ ја провоцирал полицијата?

Во 2014 година со измени на Кривичниот законик палењето на знамето на Македонија и на други држави е дел од кривичното дело предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, а предвидената казна е затвор од една до пет години (член 319).

Прочитајте и...  Филипче ќе почека со вакцинирањето: Не би сакал да земам место на некој кој има многу поголем ризик од мене да заболи

Бугарија упати демарш до Министерството за надворешни работи поради запаленото знаме, а МНР и претседателот Стево Пендаровски го осудија инцидентот.

Захариева: Упатен е остар вербален демарш до МНР за запаленото бугарско знаме во Вевчани

Пендаровски: Палењето на знамето на Република Бугарија на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда

 

Поврзани вести

Шокантно сведоштво: Косовската полиција трага по доктор осуден на 6,6 години затвор за сексуално злоставување на 15-годишното девојче

Илинка Иљоска

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА I Ловџика на трофеи ја згрози јавноста: На денот на заљубените позираше со убиена жирафа

И.И.

Професорката Беса Арифи: Важен ден, бидејќи моќен човек како Мијалков заврши со сериозна затворска казна

Слободен печат

Летните тераси повеќе нема да го окупираат јавниот простор

Слободен печат

Дијаспората на БиХ во САД не го сака Германецот Кристијан Шмид за нов Висок претставник во нивната земја

Слободен печат

Русија почна со производство на „Спутник V“ во спреј

Слободен печат

Остави Коментар