Две теории за инцидентот во Вевчани, се проверуваат снимките: Дали член на ВМРО-ДПМНЕ ја провоцирал полицијата?

Во јавноста не стивнуваат негативните реакции по вчерашната акција на полицијата која го прекина одржувањето на Вевчанскиот карневал. Засега постојат две теории за инцидентот. Едната е дека откако пристигнала полицијата во Вевчани, насобраниот народ и маскираните тргнале мирно кон своите домови, а втората верзија е дека член на ВМРО-ДПМНЕ се обидувал да исценира немил настан со полицијата, но не му успеало.

ВИДЕО | Градоначалникот на Вевчани: Апелирам политичките копја да не се кршат преку Вевчани

Претходно, двете василичарски друштва, Горна и Долна маала се оградија од организацијата на карневалот. Како што потврдија претседателите на двете друштва Перо Ташиноски и Мирослав Костојчиноски, по средбата со градоначалникот Сашо Јанкоски, се откажале од организација на Вевчанскиот карневал, кој традиционално речиси 15 века се одржува на 13 јануари.

Василичарите вчера тргнале од почетокот на селото и продефилирале до центарот на Вевчани каде изостана традиционалното оро. Но, во еден момент интервенирала полицијата, која сакала да спречи соединување на неколку помали групи во една поголема.

Видео I Вевчански карневал: Василичарите продефилираа со маски, се судрија со полицијата, има и приведени

Од МВР со став дека во координација со Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за расчистување на инцидентот, во кој полициските службеници интервенираа поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица.

„Меѓу другото, се анализираат снимките, но и други активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од полицијата.

Вевчанци револтирани и разочарани по вчерашниот инцидент на карневалот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот