ВИДЕО | Градоначалникот на Вевчани: Апелирам политичките копја да не се кршат преку Вевчани

Со карневалски маски и маски за заштита од ковид-19 и под силно полициски обезбедување во тензична атмосфера дел до Василичарите продефилираа низ Вевчани како дел од традиционалниот карневал. За време на дефилето настана и инцидент поради судир со полицијата.

Од МВР велат дека интервенцијата била поради непочитување на мерките, односно непочитување на забраната за групирање на повеќе од четири лица.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека и покрај претходно постигнатиот договор со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација, мерките не се почитувале.

Видео I Вевчански карневал: Василичарите продефилираа со маски, се судрија со полицијата, има и приведени

Вчера преку социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски апелираше да се почитуваат мерките и протоколите на Комисијата за заразни болести, додавајќи дека „веќе сме во војна со невидлив непријател, а тоа е оваа многу заразна и непредвидлива болест“.

„Ние како Општина Вевчани се откажавме од организација на овогодишните концерти, изложби и сите други активности за “Вевчански Карневал 2021”, се со единствена цел да ве заштитиме вас, вашите фамилии, вашите најблиски од оваа пандемија“, стои во неговата објава.

„Наши непријатели не се ниту Комисијата за заразни болести, ниту МВР, ниту докторите и медицинскиот персонал кои апелираат да се почитуваат мерките и протоколите, напротив тие се на наша страна, во првите борбени редови грижејќи се за нашите животи“, се додава во неговата објава.

Токму Јанкоски беше гостин во денешниот Утрински брифинг каде изјави дека активностите во Вевчани од претходно беа замрзнати поради пандемијата со Ковид-19.

-Болеста е се уште присутна, општината нема никакви ингеренции во уличните поворки. Се се одвиваше нормално, поворката на Василичари тргна од влезот на Вевчани. Претходно имавме состаноци да зе запазуваат протоколите, се до еден момент каде во центарот на Вевчани беше собран народ каде немаше дистанца. Полицијата апелираше да се создадат условите. Луѓето малку беа изиритирани од присуството на полицијата. Вината е 50-50%. Јас денес би апелирал политичките копја да не се кршат преку Вевчани. Единствено нешто што е чисто останато е овој карневал и тој не треба да се валка политички, изјави Јанкоски.

Целиот разговор погледнете го во видеото: 

Вевчанци револтирани и разочарани по вчерашниот инцидент на карневалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот