Мустафа Сандал и Емина Јаховиќ се во војна: Поранешните сопружници се „фатија“ поради новото момче на пејачката! (ФОТО)

Instagram
Instagram

Познатата пејачка Емина Јаховиќ, која пред повеќе од две години се разведе од турската музичка sвезда Мустафа Сандал, наводно сега е во кавга со него.

Имено, Емина и Мустафа беа во брак 10 години, а пред тоа тие беа во врска четири години и имаат два сина – Јаман и Јавуз.

По разводот тие останаа во добри односи, што пејачката го истакна неколкупати, но нејзината врска со бизнисменот Садетин Саран, како што пишува „Стори“, бил столбот за почетокот на „војната“ меѓу поранешните сопружници.

Instagram

Како што се наведува, Мустафа наводно не ја одобрувал врската со турскиот милијардер, а од тој момент односот меѓу нив се влошил, па дури и се одследиле на социјалната мрежа Инстаграм.

Инаку е познато дека пејачката речиси никогаш не збори за својот приватен живот, па поради тоа сето ова ќе остане само на уште една шпекулација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот