МУРИЊО СИ Е ПОСЕБЕН: Тотенхем посилен од „чеканите“! (ВИДЕО)

фото:твитер

Денеска во рамките од 13. коло во Премиер лигата составот на Тотенхем триумфираше на гостувањето кај Вест Хем со резултат 2:3 (0:2).

Гостите водеа со погодокот на Сон Хјунг-Мин од 36. минута, Кореецот кој дојде до 19 гол моментно е најдобриот стрелец на клубот во сите натпреварувања во 2019 година.

Воедно Хјунг-Мин во 43. минута и запиша асистенција, односно го пронајде Лукас кој ја зголеми позитивата.

На стартот од второто полувреме по додавањето на Орие, Кејн се погрижи убаво со глава да ја испрати топката во мрежата и за 0:3.

Популарните „чекани“ успеаја до крајот само да го ублажат својот шести пораз сезонава преку Антонио и Огбона.

Ова беше прв триумф на Тотенхем на гостински терен оваа сезона. Последен пат на гостински терен во Премиер лигата славеше дури минатата сезона на 20 јануари годинава против Фулам (1:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот