Мурињо посакува шампионска Рома: Кои се желбите на Португалецот?
Како што е веќе познато, од следната сезона нов тренер на Рома ќе биде Жозе Мурињо кој потпиша договор на три години.
Италијанските медиуми веднаш започнаа со анализа на потенцијалните засилувања на римската „волчица“…
Прв на списокот е Немања Матиќ, со кого „Специјалнот“ веќе соработуваше. Заедно со него на средината на теренот, „мета“ е и Ренато Санчез. Се најавува враќањето на клупската легенда Де Роси како помошник тренер е веќе завршена работа.
Иско од Реал Мадрид е по вкусот на Португалецот. Тука е и Тринкао од Барса, а се очекува да се вратат Џенгиз Ундер и Џастин Клајверт кои се на позајмица до крајот на сезонава во Лестер, односно Лајпциг.
Исто така како замена за Џеко, би требало да дојде Икарди кого Мурињо високо го цени како играч, додека можно е да си оди ерменскиот репрезентативец Мхитарјан кој беше во лоши односи со Мурињо кога беа заедно во Манчестер јунајтед.