Муарем Бајрами повеќе не е тренер на Македонија ЃП

бајрами
фото: ФФМ

Официјално, Муарем Бајрами информираше дена после период од 18 месеци, повеќе не е тренер на Македонија Ѓорче Петров по заедничко договор со управата на клубот.

На последниот прволигашки натпревар „лавовите“ од Ѓорче Петров ремизираа на гостувањето кај Скопје со резултат 1:1. На табелата после 20 одиграни кола Македонија ЃП е на седмото место со 24 бодови.

Бајрами им се заблагодари на сите за коректната соработка во овој период, почнувајќи од инвеститорите, раководството, стручниот штаб со кој соработуваше во овој период, медицинскиот персонал и секако играчите кои се најзаслужни за големиот успех, куп пехарот освоен минатата сезони.

– Изминативе 18 месеци го поминав еден од најубавите периоди од мојот живот, каде заедно успеавме да го освоиме македонскиот фудбалски куп, враќајќи го во Ѓорче Петров по точно 16 години. Во купот исто така сме во игра да го освоиме оваа сезона, бидејќи сме една од четирите екипи во полуфиналето. Во овој период имавме доста добри настапи во минатиот шампионат, а во тековната сезона работите не одеа како што сакав и посакував – се зборовите на Бајрами.

Покрај Македонија ЃП, во полуфиналето од Купот се и екипите на Струга Трим Лум, Шкендија и Силекс. Жрепката за полуфиналните двојки ќе се одржи на 14 март во просториите на ФФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот